Екипата на Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија, откако во финалето славеше против Чаир со високи 39-18.
По завршувањето на Ф4 турнирот во Купот на Македонија беа доделени признанија и индивидуални награди и беа прогласени најдобрите ракометарки.
МВП на Ф4 турнирот е Ана Вранчиќ од Ѓорче Петров, за најдобар голман е избрана Катарина Митровиќ од Чаир, додека за најдобар стрелец избрана е Ивана Дежиќ од Ѓорче Петров.

(фото – 24Ракомет/Radovisnews)📷