МВП на турнирот во Гостивар, Анастасија Тодоровска, најдобар голман Деспина Пајкаровска, додека најдобар стрелец Мила Николовска од Јехона

Екипата на Пелистер го освои турнирот во Гостивар, откако славеше против Јехона со 27-26, додека третото место го освои Феризај, кој триумфираше против Деспина со 22-21.

По завршувањето на турнирот беа доделени награди и индивидуални признанија за најдобрите на турнирот.

МВП на турнирот беше Анастасија Тодоровска од Пелистер, додека најдобар стрелец на турнирот беше Мила Николовска од Јехона, а најдобар голман беше Деспина Пајкаровска од екипата на Деспина.

(фото – ЖРК Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.