Мелин и Алдин Фехми во Еурофарм Пелистер 2 до 2029 година

Два важни елементи во прогресот на младинската екипа на Кире Митревски и Фарук Мемиќ денес ставија потпис на прв професионален договор со тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Голманот Мелин Фехми и левиот бек Алдин Фехми се обврзаа на договор до јуни 2029 година со Еурофарм Пелистер 2.

16-годишниот Мелин и 18-годишниот Алдин се веќе неколку години дел од семејството Еурофарм Пелистер. Овие момчиња се родени во Кичево, но во Битола добија шанса да играат ракомет на највисоко ниво за нивната возраст и истата ја искористија. Со Мелин и Алдин во тимот, младинската екипа на Еурофарм Пелистер го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.

Двата браќа Фехми уште од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и неговиот стручен штаб во подготовките за суперлигашката сезона на Еурофарм Пелистер 2.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷






Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *