Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го засили стручниот штаб со ново име.
Станува збор за тренерот Мери Арсениевска, која беше дел од Металург и се префрла во редовите на Металург Автокоманда.
Мери ќе ја преземе улогата на тренер во пионерската и кадетска категорија, каде со своето знаење, искуство и посветеност ќе придонесе за развојот на младите генерации.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷