Екипата на Деспина од Прилеп, го донесе првото засилување за новата сезона во Женската Супер лига.
Станува збор за Мери Гичева, која има 39 години и со екипата на Деспина потпиша договор на една сезона.
Гичева на репрезентативно ниво има настапувано за младинската и сениорската репрезентација, додека на клупско ниво настапуваше за екипите на Кометал Ѓорче Петров, Тутунски Комбинат Прилеп, Гевгелија, Жито Прилеп и Феризај.
(фото – Инстаграм/Мери Гичева)📷