Мери Спиркоска ќе ја засили екипата на Деспина

Екипата на Деспина, која во новата сезона ќе игра во Женската Прва лига влегува со зголемени амбиции за сезона 2025/2026.

Тимот на Деспина во новата сезона ќе има нов изменет лик во ростерот, па така клубот ќе се засили со неколку ракометарки.

Ракометарката Мери Спиркоска од Прилеп во новата сезона ќе настапува за екипата на Деспина.

Мери Спиркоска, која настапува на позицијата десно крило направи кратка пауза со ракометот, па во новата сезона повторно се враќа на ракометните терени.

(фото – ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *