Екипата на Металопластика го освои Купот во Србија, откако во финалето на продолженија ја совладаа екипата на Војводина 29-28 (25-25).
По шест години пауза екипата на Металопластика освои пехар и ја запре доминацијата на Војводина. Најефикасен во екипата на Металопластика беше Азис со девет погодоци, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Оцвирк со седум погодоци.
(фото – Рк Металопластика)📷