Екипата на Металург Автокоманда славеше на гостувањето кај екипата на Куманово со конечни 22-18 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот, па на крај да стигне до победа против Куманово.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со пет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Сузана Зечевиќ со девет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷