Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против екипата на Спартак со конечни 36-27 во натпревар од 9. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да го совлада Спартак.
Најефикасни во редовите на Металург Автокоманда беа Јана Ѓошевска и Ива Божиноска со по пет гола, додека кај Спартак најефикасна беше Зорица Андовска со 17 гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷








