Екипата на Металург Автокоманда го совлада тимот на Астибо со високи 35-18 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да слави со висока предност против Астибо.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Стефани Ристиќ со пет гола, додека кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со девет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷