Екипата на Металург Автокоманда триумфираше против составот на Чаир со резултат 33-24 во 9. коло од плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше водство од 16-13. Во второто полувреме продолжи водството на Металург Автокоманда, па на крај да се радува на победа против Чаир.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Гугуљанова со осум гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Теодора Гулицоска со 12 гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷