Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против екипата на Чаир со конечни 36-27 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше предност, па така до крајот продолжи со водството против Чаир за да слави победа.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со 14 гола, додека кај Чаир најефикасна беше Теодора Дукоска со 11 гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷