Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против екипата на Чаир со конечни 27-24 во Женската Супер лига.
Составот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше водство од 12-8, па во второто полувреме продолжи со водството и на крај да го совлада Чаир.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со шест гола, додека кај Чаир најефикасни беа Фиоре и Билјана Дамчевска исто така со по шест гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷








