Екипата на Металург Автокоманда забележа висока победа против екипата на Куманово со конечни 37-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда на полувреме имаше високо водство од 18-8, па така во второто полувреме немаше проблеми околу победата против Куманово.
Најефикасни во редовите на Металург Автокоманда беа Марија Јанкуловска и Ива Божиновска со по пет гола, додека кај Куманово најефикасна беше Маријана Азеведо со осум гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷








