Екипата на Металург Автокоманда стигна до лесни бодови на гостувањето во Прилеп, кај екипата на Деспина, откако славеше со убедливи 27-13.
Тимот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така на пауза замина со предност од 12-6.
Во второто полувреме продолжи добрата игра на тимот од Скопје, за на крај да слави триумф против екипата од Прилеп.
Најефикасни во редовите на Металург Автокоманда беа Марија Гугуљанова и Теодора Гулицоска со по пет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Сања Цветкоска исто така со пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷