Металург Автокоманда обезбеди сигурна победа против Пелистер

Екипата на Металург Автокоманда забележа победа на гостувањето во Битола, кај екипата на Пелистер со 33-25 во Женската Супер лига.

Металург Автокоманда уште на полувреме имаше предност од 18-12. Во второто полувреме Металург Автокоманда продолжи со добрата игра, па на крај да се радува на победа против Пелистер.

Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Сара Миновска со девет гола, додека кај Пелистер најефикасни беа Сара Рујановска, Кристина Наумовска, Моника Босилковска и Наталија Дишковска со по четири гола.

(фото – Денис Дуковски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести