Екипата на Металург Автокоманда забележа победа на гостувањето кај екипата на Астибо со конечни 40-30 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 20-12.
Најефикасна во редовите беше Стефани Ристиќ со по шест гола, додека по пет гола имаа Сандра Трпеска, Сара Миновска, Борјана Коцева и Бојана Коцева, а кај екипата на Астибо најефикасни беа Марија Анчева и Елена Вучевска со по 11 гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷