Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги извлече паровите за Ф4 Купот на Македонија 2025 година во женска конкуренција.
Ф4 турнирот во Купот на Македонија ќе се одигра во Радовиш во салата “25 Мај” на 30 и 31 мај.
Во првото полуфинале ќе играат екипите на Металург Автокоманда и Чаир, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Ѓорче Петров и Вардар.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷