Екипата на Металург Автокоманда забележа победа против Пелистер со конечен резултат од 28-17 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда на полувреме имаше водство од 15-6. Во второто полувреме Металург Автокоманда продолжи со водството, па на крај да се радува на победа против Пелистер.
Најефикасна во тимот на Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со девет гола, додека кај Пелистер најефикасни беа Наталија Дишковска и Јована Конева со по пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷