Ракометарките на Металург Автокоманда им се вратија на победите, откако го совладаа тимот на Скопје со конечни 36-23.
Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше висока предност од 19-10. Второто полувреме беше само формалност за да биде заверена победата.
Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Сара Миновска со шест гола, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јана Равојска со пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷