Екипата на Металург Автокоманда, која е нова во Женската Супер лига стартуваше со подготовки за новата сезона.
Тимот на Металург Автокоманда во новата сезона ќе биде предводен од Јулијана Дамчевска и Крсто Петрушевски.
Металург Автокоманда се засили со млади ракометарки Михаела Кралева, Миа Маринчов, Таида Беровиќ, потоа со Марија Петреска, Сара Миновска, Амра Терзиќ, Мила Трајковиќ, Габриела Костадиновска, Мила Алексоска, Анастасија Тодоров, Марија Гугуљанова, Јана Калајџиевска, Исидора Котевска, Анастасија Трпеска и Теодора Гулицоска.



(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷