Екипата на Металург Автокоманда забележа победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со високи 30-16 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 17-6.
Најефикасни во тимот на Металург Автокоманда беа Јана Ѓошевска и Марија Јанкуловска со осум гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Наталија Дишковска со пет гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷