Металург Автокоманда убедливо го совлада тимот на Вардар

Екипата на Металург Автокоманда забележа висока и убедлива победа против екипата на Вардар со 30-19 во плеј-офот од Женската Супер лига.

Составот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше водство од 13-10. Во второто полувреме Металург Автокоманда продолжи со водството, па на крај да го совлада Вардар.

Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Бојана Коцева со седум гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Леона Миленковска исто така со седум гола.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *