Металург Автокоманда го доби дерби натпреварот со Куманово со конечен резултат 24-17 во Женската Супер лига.
Тимот на Металург Автокоманда од почетокот на натпреварот го имаше водството, па така на крај триумфираше против Куманово.
Најефикасна кај Металург Автокоманда беше Теодора Гулицоска со седум гола, додека кај Куманово најефикасна беше Габриела Величковска исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷