Ракометарките на Металург забележаа победа против екипата на Пелистер со резултат 28-24 во натпревар од плеј-офот во Женската Супер лига.
Металург на пауза замина со предност од 16-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Металург, па на крај да ги освои бодовите против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Металург беше Ива Младеновска со седум гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Металург)📷