Екипата на Металург забележа победа против Ѓорче Петров со резултат 30-27 во финалето и го освои Купот на Македонија. После девет години Купот повторно во Автокоманда.
Во првото полувреме Металург имаше водство, и на пауза замина со предност од 16-12. Во второто полувреме Ѓорче Петров се обидуваше да се врати но не доволно за победа против Металург.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Младеновска со девет погодоци, додека кај екипата на Ѓорче Петров најефикасна беше Симона Стојановска со девет погодоци.
Доделени беа и признанија на Ф4 турнирот. Најдобар голман на Ф4 турнирот беше Амра Илјаз од Металург, најкорисен (МВП) и најдобар стрелец на Ф4 турнирот беше Ива Младеновска исто така од Металург.
Второто место на Ф4 турнирот го освои екипата на Ѓорче Петров.
(фото-РФМ)📷