Металург е шампион во младинска женска лига откако го совлада Куманово, бронза за Вардар

Ракометарките на Металург се нови шампионки во женската младинска лига откако во финалето на Ф4 беа подобри од Куманово со конечни 26-16.

Третото место односно бронза на Ф4 освои екипата на Вардар откако беше подобра од Чаир со убедливи 37-25.

За МВП или најкорисен играч прогласена е Ивана Арсениевска од Металург, најдобар голман исто така од Металург е Анастасија Тодоров, додека најдобар стрелец на турнирот е Стефанија Ѓорѓиевска од екипата на Чаир.

Пласман:

  1. ЖРК Металург
  2. ЖРК Куманово
  3. ЖРК Вардар
  4. ЖРК Чаир

(фото-ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести