Екипата на Металург триумфираше против Деспина со конечни 31-25 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Металург направи добра серија во првото полувреме, и на пауза замина со предност од 19-16. Во вториот дел продолжи добрата серија на Металург, за на крај да слават победа против Деспина.
Најефикасна во составот на Металург беше Ива Божиноска со седум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Сања Цветкоска со осум гола.
(фото-ЖРК Металург)📷