Ракометарките на Металург забележаа победа против екипата на Чаир со 31-24 на домашен терен во плеј-офот во Супер лигата.
Металург имаше контрола на резултатот во текот на првото полувреме, и на пауза замина со предност од 18-11. Во вториот дел од натпреварот Металург ја завери победа против Чаир.
Најефикасна во екипата на Металург беше Мила Трајковиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Мила Алексоска со седум погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷