Екипата на Металург славеше на гостувањето во Струга кај Стружанка во натпревар од Женската Суперлига со конечни 24-20.
Во првиот дел Стружанка поведе, но сепак го испушти водството и на полувреме гостинките заминаа со водство од 10-13. Во вториот дел од натпреварот домашната екипа се обидуваше да се врати, но гостинската екипа него дозволи тоа, и од Струга си замина со победа.
Најдобар стрелец во составот на Металург беше Ива Божиноска со шест погодоци, додека најдобар стрелец во Стружанка беше Магдалена Делиоска со десет погодоци.
ЖРК Стружанка 20-24 ЖРК Металург
(фото-ЖРК Металург)📷