Рк Металург

Металург продолжува со добрите игри во Суперлигата, совладан Прилеп

Ракометарите на Металург триумфираа на домашен терен против екипата на Прилеп со конечни 35-27.

Металург од почетокот на натпреварот ја контролираше играта. На полувреме замина со водство од 17-13. Во вториот дел продолжи добрата серија на Металург, а Прилеп немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во екипата на Металург беше Халил Озтурк со осум погодоци, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Христијан Милошески со 12 погодоци.

Рк Металург 35-27 Рк Прилеп

(фото-Рк Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.