Ракометарите на Металург РА забележаа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со резултат 39-26.
Металург РА на пауза замина со предност од 18-14. Во второто полувреме Металург РА ја зголеми предноста, па на крај да слави убедливо против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во тимот на Металург РА беше Петровски со осум погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Зајков со десет погодоци.
(фото – Рк Металург РА)📷