Пред почетокот на втората полусезона 2023/2024, Металург РА донесе шест засилувања, млади македонски ракометари кои веќе тренираат со екипата.
Во екипата на Металург РА повратници се Димитар Ристовски и Филип Фидановски, кои доаѓаат од Скопје 2020 и Драган Стевков, кој доаѓа од редовите на Голден Арт.
Од тимот на Вардар Неготино дојде Христијан Крстаноски, Марјан Сарашов доаѓа од Текстилец, и Пане Арсов, кој доаѓа од Тиквеш.

(фото – Рк Металург РА)📷