Екипата на Металург РА забележа победа на гостувањето кај Астраион со резултат 29-14 во 1. коло од Првата лига.
Тимот на Металург РА победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 12-4.
Најефикасни кај Металург РА беа Матеј Филиповски и Коста Николовски со по четири гола, додека кај Астраион најефикасен беше Христијан Ефтимов исто така со четири гола.
(фото – Рк Металург РА)📷