Екипата на Металург РА забележа победа против екипата на Младост Богданци со резултат 30-26 во натпревар од плеј-офот од Првата лига.
Првото полувреме го доби тимот на Младост Богданци со 15-14. Во второто полувреме Металург РА со подобра игра забележа победа против Младост Богданци.
Најефикасен во редовите на Металург РА беше Филип Петровски со десет погодоци, додека кај екипата на Младост Богданци најефикасен беше Илија Чрчев со шест погодоци.

(фото – Рк Металург РА)📷