Екипата на Металург РА стигна до лесни бодови во Првата лига, откако ја совлада екипата на Преспа 2015 со резултат 38-16.
Металург РА на полувреме имаше голема разлика од 20-8. Второто полувреме беше само формалност Металург РА да ја завери победата против Преспа 2015.
Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со десет погодоци, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Били Милишевски со седум погодоци.
(фото – Рк Металург РА)📷