Ракометарите на Металург РА забележаа победа против екипата на Шампион со конечни 41-36 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.
На полувреме беше нерешено со 19-19. Во второто полувреме Металург РА имаше подобра игра, па на крај да се радува на победа против Шампион.
Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со 14 гола, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Илија Пејковски со 10 гола.
(фото – Рк Металург РА)📷