Екипата на Металург РА забележа победа против екипата на Кичево 2020 со убедливи 43-31 во натпревар од Првата лига.
Металург РА од почетокот на полувремето го презеде водството и на пауза замина со предност од 19-13. Во вториот дел Металург РА ја завери победата против Кичево 2020. На овој натпревар Металург РА беше предводен од Игор Котевски, а играа и Даниел Дупјачанец, Велко Маркоски, Димитар Бардакоски, Александар Петковски и Дамјан Субашевски.
Најефикасен во екипата на Металург РА беше Дамјан Наумовски со девет погодоци, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Александар Мирчески со 12 погодоци.

(фото-Рк Металург РА)📷