Составот на Металург РА оствари нова победа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Астраион со резултат 37-25.
Металург РА направи добра предност на полувремето од 17-11. Во второто полувреме Металург РА ја зголеми разликата, за на крај да слави со убедлива победа против Астраион.
Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со 13 погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасен беше Христијан Ефтимов со 6 погодоци.
(фото – Рк Металург РА)📷