Екипата на Металург РА забележа победа против Македонија Ѓорче Петров со 34-28 во плеј-офот од Првата лига.
Тимот на Металург РА и на полувреме имаше предност од 17-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Металург РА, па на крај да слави победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен кај Металург РА беше Филип Петровски со десет гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Максимилијан Ѓиноски со осум гола.
(фото – Рк Металург РА)📷