Металург РА триумфално против Кичево 2020

Екипата на Металург РА забележа победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со минимални 25-24 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Од почетокот на натпреварот се играше гол за гол, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 12-12. Во второто полувреме продолжи играта гол за гол, но на крај подобар беше тимот на Металург РА.

Најефикасен во тимот на Металург РА беше Дамјан Наумовски со 7 гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Никола Шипинкоски со 12 гола.

(фото – Рк Металург РА)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.