Ракометарките на Металург беа подобри од екипата на Вардар во дербито со конечни 26-23 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Металург имаше контрола на резултатот, па на полувреме замина со три гола позитива 16-13. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Металург, за на крај да слави во дербито со Вардар.
Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Божиноска со седум погодоци, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Катерина Дамјановска со шест погодоци.
(фото-ЖРК Металург)📷