Ракометарките на Металург забележаа висока победа против екипата на Стружанка со 25-15 и се пласираа на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Металург ја оправда фаворитската улога против Стружанка, која ја имаше во текот на целиот натпревар. На полувреме Металург имаше водство од 11-8.
Најефикасна во тимот на Металург беше Мила Трајковиќ со девет голови, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Марија Голабоска со пет голови.
(фото – ЖРК Металург)📷