Металург триумфираше во дербито со Вардар

Екипата на Металург забележа победа против екипата на Вардар со минимални 20-19 во натпревар од плеј-офот во Женската Супер лига.

На пауза двете екипи имаа нерешен резултат од 10-10. Во второто полувреме се играше гол за гол, но на крај екипата на Металург имаше напад за победа и тој напад беше искористен со погодок, за победа.

Најефикасни во екипата на Металург беа Ива Младеновска и Ивана Арсениевска со по пет гола, додека кај екипата на Вардар најефикасна беше Сара Стефаноска со шест гола.

(фото – ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.