Металург ја реши Деспина во Прилеп

Ракометарките на Металург забележаа победа на гостувањето во Прилеп кај екипата на Деспина со 29-21.

Металург имаше висока предност на полувремето од 17-7. Второто полувреме беше само формалност за да се завери победата во Прилеп.

Најефикасна во екипата на Металург беше Ива Младеновска со осум погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Елена Рипилоска со десет погодоци.

(фото-ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.