Мешков Брест врати играч во своите редови од позајмица

Ракометарот Валентин Куран потпиша договор со екипата на Мешков Брест до крајот на сезоната 2022/2023 со можност за продолжување на уште една сезона.

Валентин Куран се враќа во редовите на Мешков Брест од позајмица во екипата на Кангас каде замина во летото 2019 година. Куран освен за Мешков Брест и Кангас, настапуваше и за Татран Прешов.

“Многу ми е драго што се враќам во Брест по три години. Тука ги направив првите чекори во ракометот. Сега очекувам да му помогнам на тимот до крајот од првенството. Со нетрпение го очекувам моментот кога повторно ќе бидам пред навивачите на Мешков Брест”, – изјави Валентин Куран.

(фото-Рк Мешков Брест)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести