Белорускиот тим Мешков Брест се засили со шпанецот Аугустин Касадо кој доаѓа од Ла Риоха.
Аугустин Касадо игра на позиција лев бек, но може да одигра и на позицијата дефанзивец. Тој доаѓа од екипата на Ла Риоха.
Договорот е потпишан за сезоната 2022/23 година со можност за продолжување на истиот. Тој се наоѓа и на списокот на повикани ракометари на Шпанија за настап на Европското Првенство во Унгарија и Словачка.

(фото-Рк Мешков Брест)📷








