Мигуел Фереира ќе паузира од 4 до 6 недели по операција на коленото

Ракометниот клуб Вардар 1961 извесен период ќе мора да настапува без својот голман Мигуел Фереира Еспиња, кој во текот на неделата беше подложен на оперативен зафат на коленото.

Интервенцијата успешно ја изведе др. Небојша Настов, а според првичните проценки, португалскиот чувар на мрежата ќе паузира меѓу 4 и 6 недели, по што ќе започне со постепен процес на рехабилитација и враќање во тренажен ритам.

Фереира од почетокот на сезоната имаше повремени проблеми со коленото, кои го попречуваа да настапува со полн капацитет, па по консултации со медицинскиот тим на клубот беше донесена одлука проблемот да се реши со хируршка интервенција.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *