Репрезентативниот голман на Србија, Милан Бомаштар од следната сезона ќе има нов клуб во кариерата.
Тој потпиша договор со екипата од Франција, Шартр. Ракометарот од Србија и тимот на Шартр се договорија за соработка на три години до јуни, 2026 година.
Бомаштар настапува за шведскиот Сковде, претходно настапуваше за Адемар Леон, а настапува и за репрезентацијата на Србија.
(фото – Рк Шартр)📷