Пикерот Милан Лазаревски претставен во словенечкиот тим Тримо Требње, тој доаѓа од екипата на Металург и за него оваа ќе биде прв интернационален предизвик.
Тој и клубот потпишаа договор до крајот на сезоната. Милан Лазаревски има настапувано во младите категории на Металург, а настапуваш и во првиот тим на Металург. Лазаревски има настапувано и за младинската репрезентација на Македонија.
„Исклучително сум задоволен што доаѓам во толку голем клуб како што е Тримо Требње. Овде се развива сериозен и амбициозен проект. Добро бев примен од соиграчите заедно со стручниот штаб, така што се чувствувам одлично. Ви благодарам за можноста и фокусиран сум на поставените цели“, – изјави Милан Лазаревски.

(фото – Рк Тримо Требње)📷